Историска кражба во Канада: Злато и готовина вредни 15 милиони долари исчезнаа од аеродромот

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Американска безбедносна компанија ја тужеше „Ер Канада“ за кражба на златни прачки и готовина во вредност од 15 милиони американски долари, кои исчезнаа од аеродромот во Торонто во април.

Бринкс интернешнл ја обвини канадската авиокомпанија дека е несовесна и дека не направила се за да ја спречи кражбата.

Златните прачки и парите пристигнале во Торонто со авион на Ер Канада од Цирих, Швајцарија, каде што исчезнале.

Кражбата се смета за една од најголемите во канадската историја. Од аеродромот украдени се 400,19 килограми злато во шипки и два милиони американски долари во кеш. Случајот и до ден денес останува нерасчистен, а крадците се на слобода.

Бринкс интернешнл во тужбата навела дека била ангажирана од банка и компанија за благородни метали за да обезбеди превоз. Златните прачки и парите се украдени 42 минути откако биле истоварени од авионот, соопшти американската компанија.

Според обвинението, непознато лице влегло во магацинот каде што се чувала стоката. Бринкс тврди дека авиокомпанијата немала безбедносни протоколи за следење и ограничување на пристапот до објектот.

Наводно, крадецот успеал да влезе во магацинот така што на вработен во Ер Канада му го покажал документот со кој требало да ја подигне пратката. Авиокомпанијата потоа го пуштила товарот на лице, кое исчезнало со товарот, според тужбата.

Бринкс наведува дека персоналот на Ер Канада не се обидел да ја потврди автентичноста на товарниот лист и дека кражбата можела да се спречи доколку компанијата ги почитувала безбедносните протоколи.

Од Air Canada се бара да ја плати целата вредност на исчезнатиот товар.

- Advertisement -
Ad image

Ова е најголемата кражба во историјата на Канада. Пред тоа, највредната стока што исчезнала е јаворов сируп вреден 18,7 милиони долари украден од складиште во Квебек.

Share This Article