More

    Испливал 150 метри од плажата, го убила ајкула

    spot_img

    Австралиски турист загина во напад на ајкула на француската пацифичка територија Нова Каледонија, пренесува Sky News.

    Маж (59) пливал на околу 150 метри од брегот во главниот град Нумеа кога го нападнала ајкула.

    Ајкулата неколку пати го каснала, а тој се здобил со сериозни повреди на нозете и рацете.

    Го донеле на брегот, но тој починал на лице место.

    Властите наредија затворање на повеќето плажи во областа и фаќање ајкули во блиските води.

    Уште еден маж (49) беше тешко повреден во напад на ајкула минатиот месец. Уште еден сурфер неколку дена потоа бил нападнат од ајкула, но не бил повреден.

    Нова Каледонија, која се наоѓа јужно од Вануату и на околу 1.200 километри источно од Австралија, е рангирана на 13-то место во светот по вкупниот број на напади на ајкули, според Природонаучниот музеј на Флорида.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img