More

    Испливаа снимки од детството на принцовите

    spot_img

    Иако многумина се надеваат на помирување меѓу принцовите Вилијам и Хари од британското кралско семејство, снимките од нивното детство јасно покажуваат дека нивната врска не била идеална ниту пред скандалот, пишува Glossy. Хари треба да се појави во Велика Британија на богослужба во катедралата Свети Павле за да ја одбележи 10-годишнината од игрите „Invictus“, на кои тој е покровител, а кралските експерти се скептични за помирувањето меѓу отуѓените браќа.

    Ривалството меѓу Хари и Вилијам беше видливо уште во првите години од нивното дество. Една снимка го прикажува моментот кога Вилијам одбива да го погали својот миленик, зајакот, додека принцезата Дијана не му го даде на Хари. Во тој момент, Вилијам можеше да се слушне како љубоморно вика во позадина: „Можам ли да го држам? Може ли да го држам? Може ли? Може ли?”.

     

     

    На друга снимка, се гледа како Дијана оди во градината носејќи го Хари, за да се сврти кон Вилијам и да му се закани дека „само неговиот брат ќе се забавува“ ако не ја послуша и не дојде. Идниот крал (Вилијам) реагира многу бурно и веднаш притрчува, цело време викајќи: „ Не, не, не, не… “.

     

     

    Интересна е и снимката од 1987 година кога семејството беше на одмор на Мајорка. Во еден момент Хари го држеше малото кученце, а Вилијам дошол и практично му го „зел“ од раце.

    Откако се дозна дека Кејт Мидлтон има рак, принцот Хари и неговата сопруга Меган Маркл беа меѓу првите кои контактирале со Кејт, иако лошата вест ја дознале од медиумите. Сè уште не е познато дали станува збор за редовен или видео повик, а според извор, тие ѝ посакале на Кејт „ брзо закрепнување и добро здравје “.

    „Се надеваме дека ќе успеат да поминат (со целата работа) во што поголема приватност, како што сакаа“, се нивните зборови.

    Па сепак, навидум обновената комуникација меѓу двата пара сè уште не дава индикации дека е можно помирување. Особено не меѓу Хари и Вилијам.

    Како што пишуваат странските медиуми, веста дека Кејт има рак тешко паднала на Хари , кој во минатото бил многу приврзан за неа, а на кого, според негово признание, гледал како на сестра.

    Сепак, и покрај новосоздадената ситуација, се чини дека помирување нема да се случи доколку Вилијам и Кејт не се извинат.

    – Тој (Хари) сака да се смири со својот брат(Вилијам) за да можат нивните деца да имаат некаква врска, но тој и Меган сепак мислат дека најпрво треба да добијат извинување од Вилијам и Кејт – објаснува кралскиот биограф Том Квин, пренесува Glossy.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img