More

    ИСПЛАТИТЕ ЌЕ БИДАТ СЛЕДНАТА НЕДЕЛА

    spot_img

    Фондот за здравствено осигурување (ФЗОРСМ) ја известува јавноста дека техничките тимови работат во континутет за целосна функционалност на системот, а во меѓувреме Фондот издал неколку привремени решенија со кои се надминуваат дел од проблемите. Во овој момент, Фондот стапува во комуникација со јавните здравствени установи за да ја прибере потребната документација за исплата на плати.

    Во интерес на јавноста, а во врска со пристигнатите новинарски прашања, Фондот ги објавува следните информации:

    – Во однос на исплатата на боледувањата, породилното отсуство и рефундацијата, Ве информираме дека со ставање на системот во целосна функција ќе бидат исплатени сите обврски на ФЗО кон осигурениците, но и кон здравствените установи. За проблемот со кој ФЗО се соочува, ве известуваме дека ФЗО ги користи капацитети и знаењата на сите внатрешни и надворешни ИТ експерти за кои има правна можност. Во однос на осигуреници кои поради било која причина менуваат матичен лекар ( вклучително и поради пензионирање на претходниот матичен лекар ) изготвени се насоки за матичните лекари како да постапуваат во таков случај, се вели во соопштението од Фондот.

    Од ФЗОРСМ уште еднаш да информираат дека анализата на експертските технички тимови утврдила дека при сајбер нападот нема излевање на податоци надвор од базите на Фондот.

    https://fzo.org.mk/230215-izvestuvane-za-apteki
    https://fzo.org.mk/230215-izvestuvane-za-jzu
    https://fzo.org.mk/230215-izvestuvane-za-ortopedski-kuki-apteki-koi-imaat-aktiven-dogovor-za-izdavane-na-ortopedski-i
    https://fzo.org.mk/230215-izvestuvane-do-pzu-od-primarna-zdravstvena-zashtita

    – Подрачните служби на Фондот во континуитет ги примаат барањата, покрај ова, Подрачните служби се достапни и телефонски преку јавно објавени линии за информации за осигурениците, на кои истите можат да се обратат и да добијат информации во врска со сите решенија кои се усогласени со матичните лекари а преку кои осигурениците можат да ја остварат здравствената заштита, се вели во соопштението од Фондот.

    Од Фондот, исто така, посочуваат дека навремено и постојано ќе ја информира јавноста за сите нови утврдени информации кои се од интерес на граѓаните.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img