Лице кое било исчезнато во Битола, попладнево дивеело во хотел Милениум во Охрид. Агенцијата за обезбедување која го обезбедува овој хотел на повик од вработените во хотелот го спречила лицето во намерите на демолирање на собите, но откако увиделе дека истото лице консумира кокаин веднаш повикале полиција.
Како што дознава редакцијата Охридскај кај лицето е пронајдено бела прашкаста материја – кокаин и поголема количина на мариухана. Лицето било одма приведено за понатамошна постапка. Лицето било приведено во полициска станица по наредба на јавен обвинител.