Потрагата по исчезнатата подморница „Титан“ со пет патници ги оживува спомените на една од најголемите поморски трагедии во светот.
Но, информацијата за неодговорното однесување на компанијата „Оушн Гејт“ истовремено прераснува во еден од најлошите скандали во една од најелитните туристички бизниси на планетата.
Авантурата на посетата на потонатиот брод „Титаник“ на 3.700 метри под површината на морето може да се спореди само со патување во вселената кога се во прашање туристите, а сега излезе дека подморницата „Титан“ немала сертификат за нуркање до толку големи длабочини, туку само до 1.300 метри.
Оваа информација ја наведува порталот „The New Republic“, кој го истражува случајот со Дејвид Локриџ, капетанот на подморницата и поранешен директор на поморските операции на компанијата, одговорен за безбедноста на екипажот и клиентите.
Локриџ бил отпуштен бидејќи одбил да даде зелено светло за тестирање на подморница со екипаж, иако се покажало дека имал многу добри причини за тоа. Компанијата го означила како „лажен свиркач“ со нејасни технички објаснувања зошто неговото размислување било неприфатливо за нив.
Локириџ се соочил со непријателски однос и одбивање на некои вработени да му достават документација што требало слободно да му биде достапна.
Наводно, во неколку наврати пред раководните лица предупредувал за безбедносните прашања на „Титан“ и препорачал корективни активности поради потенцијални проблеми.
Тој побарал конкретно тестирање на трупот, но бил одбиен со образложение дека не постои опрема за тестирање на она што го барал. Локириџ издал загрижувачки официјален извештај од инспекцијата што поттикнало итен состанок на највисокото раководство на компанијата.
Состанокот бил доста изненадувачки за Локриџ бидејќи сфатил зошто одбиваат да му дадат пристап до информациите на инженерскиот оддел.
– Палубата за набљудување на предниот дел на подморницата беше изградена само за сертифициран притисок од 1.300 метри, иако компанијата имаше намера да ги однесе патниците на длабочина од 4.000 метри. Локириџ дознал дека производителот на прозорци за набљудување ќе обезбеди сертификат само за длабочина од 1.300 метри поради експерименталниот дизајн на прозорецот за набљудување обезбеден од компанијата што е надвор од стандардите за човечки простор. Компанијата одбила да му плати на производителот да направи прозорец што ќе ја исполни потребната длабочина од 4.000 метри – пишува порталот „The New Republic“.
Туристичкиот аранжман кој вклучува обиколка на потонатиот брод „Титаник“ на длабочина од околу 3.700 метри со специјална подморница чини 250.000 долари.
Компанијата не им кажува на туристите дека немаат добиено потврда за нуркање над 1.300 метри. „Титаник“ лежи во меѓународни води, така што нема регулатива што ја обврзува компанијата да им ја каже вистината на туристите, но може да продава наративи за „врвна наука“ и „истражување“ иако во основа продаваат неодговорен авантуризам затоа што штедат на деловите и дека нивниот извршен директор е претставен како знак на неговата генијалност и пробивање на границите.
Подморницата која го превезувала британскиот милијардер Хамиш Хардинг, како и пакистанскиот бизнисмен Шахзада Давуд и неговиот син (19) исчезнала во неделата наутро, а според последните информации има кислород до утре околу пладне, по наше време.
Меѓу исчезнатите се францускиот експерт за „Титаник“ Пол-Анри Наргеоле (73) и основачот и извршен директор на компанијата за патувања до Титаник, Стоктон Раш (61).