More

    Иранскиот претседател: Пламенот на американско-израелските бомби наскоро ќе ги зафати ционистите

    spot_img

    Иранскиот претседател Ебрахим Раиси го осуди разорниот напад во вторникот врз болницата во Појасот Газа, предупредувајќи дека нејзиниот пламен наскоро ќе го зафати цел Израел, јавува Anadolu.

    Во изјавата објавена на социјалната мрежа Икс во вторникот вечерта, Раиси рече дека „пламенот на американско-израелските бомби“ фрлен врз болницата во Газа „наскоро ќе ги зафати ционистите“.

    „Не е дозволен молк на ниту еден слободен човек пред ова воено злосторство“, истакна Раиси, прогласувајќи ја средата за ден на жалост низ целата земја.

    Повеќе од 500 луѓе беа убиени во израелски воздушен напад врз баптистичката болница Ел-Ехли во Газа во вторникот вечерта, изјави за Анадолу портпаролот на палестинското Министерство за здравство, Ашраф ал Кудра.

    Снимките на социјалните мрежи покажуваат тела расфрлани низ дворот на болницата.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img