Амбасадорот на Иран во Белград, Рашид Хасанпур Баеи, го кажа своето мислење за конфликтот меѓу Израел и Иран по последните настани, објави српски Новости.
Амбасадорот Хасанпур не ја исклучува можноста Израел во иднина да одговори на иранските напади.
– Врз основа на историјата и на позадината, не можам, а да не очекувам дека Израел се подготвува да одговори на неодамнешните казнени напади на Иран. Не станува збор за разум, туку доминира емоционалноста. Нека ми докаже Бог дека грешам. Затоа, Иран е подготвен да дејствува доколку треба, не само за да ги неутрализира нападите, туку и за да возврати силно и сериозно – вели Хасанпур.
На прашањето како ја коментира изјавата на Техеран дека американските бази ќе бидат легитимни цели доколку САД ги поддржат израелските напади на иранските територии, амбасадорот одговори дека врската меѓу САД и Израел е нераскинлива.
– Израел, поддржан од САД, се разликува од самиот Израел. Со други зборови, Израел, без целосна поддршка и ангажман од страна на Америка, би бил многу ранлив и не би можел да спроведе агресивна политика, a да се извлече од неа. САД во сите околности биле апсолутно на страната на Израел. Под оваа претпоставка, многу е логично и разумно да се сметаат американските регионални бази за легитимни цели кои ќе ги нападне Иран, доколку Израел го нападне Иран.