More

    Иран се пласираше во осминафиналето на Азискиот куп, победи Индонезија

    spot_img

    Иран по две кола има максимални шест бода

    Иранските фудбалери обезбедија пласман во осминафиналето на Азиското првенство кое се игра во Катар, благодарение на минималната победа од 1:0 (1:0) против Хонг Конг во натпреварот од 2.коло од групата Ц. Стрелецот на единствениот гол на натпреварот беше Гаједи во 24. минута.

    Иран е на врвот на групата со максимални шест бодови, додека Хонг Конг е на дното без бодови. Вториот ОАЕ има четири бода, додека трета е Палестина со еден бод. Во последното коло ќе играат Иран и ОАЕ и Палестина и Хонг Конг.

    Фудбалерите на Индонезија го совладаа Виетнам со 1:0 (1:0) во 2.коло од групата Д на азиското првенство во Доха и ги задржаа шансите за пласман во осминафиналето. Стрелец на единствениот гол на натпреварот беше Мангкуалам во 35. минута од пенал.

    Со оваа победа Индонезија ги израмни бодовите со Јапонија, која претходно во петокот загуби од Ирак со 1:2, двете репрезентации имаат по три бода и ги држат второто и третото место. Ирак е на врвот со максимални шест бодови, додека Виетнам е последен без бодови.

    Пласман во осминафиналето ќе добијат двете првопласирани репрезентации од сите шест групи и четирите најдобри третопласирани селекции.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img