Иранската револуционерна гарда го лансираше својот втор сателит во вселената, објави државната новинска агенција ИРНА.
Не е објавено кога и каде е лансиран сателитот Noor-2.
Нор на персиски значи светлина.
Лансирањето доаѓа во време кога во Виена течат преговорите на Иран со светските сили за обновување на договорот за иранската нуклеарна програма.
Револуционерната гарда објави дека сателитот отишол во орбитата на носачот Гасед, пренесува ИРНА.
Првиот сателит Ноор беше лансиран во 2020 година, кога Иран ја претстави својата вселенска програма пред светот.