Компанијата Мета ги „заклучи“ пропалестинските профили на Инстаграм поради сомневање, како што изјави сопственикот на Фејсбук, Марк Цукерберг, дека тие „ја загрозуваат безбедноста“.
Популарниот профил на Инстаграм, со повеќе од 6 милиони следбеници, @eye.on.palestine е недостапен од средата навечер. Резервната сметка исто така не била достапна за преглед, пишува Гардијан.
Сметката редовно објавува фотографии и видеа од Газа и е една од водечките сметки на Инстаграм кои ги споделуваат искуствата на Палестинците кои живеат под израелските бомби.
Ова не е првпат сметката да биде забранета, пишува Гардијан. Минатата година сметката беше привремено суспендирана поради „непочитување“ на упатствата на оваа социјална мрежа, иако подоцна повторно беше „отклучена“.
Инаку, се погласни се обвинувањата дека на социјалните мрежи и во медиумите се цензурира се што е „пропалестинско“ или има критики за Израел и потезите на владата на оваа земја.