Инспекторите нашле лоша хигиена, непрегледани вработени и неправилно работење

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) од 29 до 31 октомври спроведоа вонредни инспекциски надзори во 41 дом за стари лица во земјава. Со контролите е утврдено дека 14 од нив не биле воопшто регистрирани како оператори со храна во Агенцијата, соопшти АХВ.

„Издадени се 16 решенија со наредби за отстранување на утврдени недоследности, од кои кај четири оператори за незадоволителни хигиенски барања, а кај три оператори е утврдено дека вработените немале спроведено задолжителен здравствен преглед. Изречени се и парични кази за 18 оператори“, соопшти Агенцијата за храна.

Од пет оператори се запленети и уништени 40 килограми небезбедна храна, се додава во соопштението.

Share This Article