Иницијатива на повеќе од 70 здруженија и организации

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Потребно е системско решение за и жените кои работат во земјоделството да можат да добиваат платено породилно отсуство, бараат организациите ЛАГ Агро Лидер, Фондацијата Отворено општество – Македонија и Мрежата за заштита од дискриминација. Тие побараа од Собранието на РСМ, од Министерството за здравство, Министерството за труд и социјална политика и од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство да поддржат измени и дополнувања на Законот за здравствено осигурување.

Здруженијата имаат подготвено Предлог-закон за измени и дополнувања на Законот за здравствено осигурување во кој се бара измена во неколку членови. Јована Јовановска-Кануркова од Хелсиншкиот комитет за човекови права додаде дека бараат измени со кои основицата за пресметка и висината на надоместокот нема да биде помала од минималната плата за претходната година, односно 18.000 денари, а породилното да трае 9 или 15 месеци како за останатите работнички.

– Сметаме дека ова е најмалата прифатлива сума бидејќи со парите од породилното отсуство земјоделките мора да бидат во можност да се издржуваат себе си и своето семејство. Исто така достоинствена сума наметнуваат и меѓународните стандарди како обврски што Република Северна Македонија ги има преземено – велат иницијаторите. Според нив, во Македонија има само 1.075 жени, регистрирани како индивидуални земјоделци, што значи дека измените во законот не би имале големи финансиски импликации врз буџетот.

Драгана Дрндаревска од Мрежата за заштита од дискриминација изјави дека зад ова барање стојат повеќе од 70 здруженија, мрежи и сојузи од кои голем дел се организации кои дејствуваат во областа на заштитата на човековите права и правата на рурални жени.

– Земјоделките немаат право на платено породилно отсуство нити боледување. Оваа нехумана политика несразмерно го погодува животот и здравјето на руралните жени особено ако се земе предвид дека оваа група работнички е погодена од сиромаштија, има мали можности за пристап до здравство, образование и социјални услуги, живее во рурални области каде нормите на патријахатот сѐ се уште поцврсти со што теретот на грижата за домот, децата и старите го носи жената додека паралелно работи тешка земјоделска работа за да се издржува себе си и своето семејство. Од една страна овие работнички се есенцијални, ја произведуваат храната која ја јадеме, од друга страна, за возврат нашето општество не им овозможува клучни социјални и работнички права, како породилно отсуство, годишен одмор и боледување – вели Дрндевска.

Share This Article