Инфективната клиника има нов директор, потврдуваат од Министерството за здравство за Сител.
Како што објави телевизијата, на местото на досегашната директорка д-р Милена Стевановиќ е назначен д-р Фадил Цана, инфектолог на клиниката.
Засега нема официјални информации зошто е сменета Стевановиќ, кадар од редовите на СДСМ, која раководеше со клиниката седум години.
Цана е кадар од Алијанса за Албанците.
Тој ја извршуваше функцијата претседател на УО на Фондот за здравство, а неговото име се споменуваше и за министеркото место.