More

    Ријалити ѕвездата претерала со ботоксот и филерите на 26 години

    spot_img

    Кајли Џенер, една од сестрите на познатото семејство Кардашијан-Џенер, со само 22 години стана најмладата милијардерка на планетата. Како што обично се случува, со богатството доаѓаат и бројни трансформации, особено ако се занимавате со јавна работа.

    Покрај инвестирањето во бизнисот и кариерата, Кајли од година вогодина вложува и во својот физички изглед. Имала неколку естетски операции, а доказ за тоа се фотографиите пред и потоа. Ги наполни усните, јаболчниците, додека омилена интервенција беше и останува ботоксот. Што се случува кога ќе почнете да користите ботокс во раните дваесетти?

    Кајли неодамна се појави на Неделата на висока мода во Париз во лелеавен и нежен фустан во боја на кожа. Фустанот зрачеше со елеганција благодарение на материјалот што се спојуваше со нејзината фигура. Но, од друга страна, нејзините обожаватели и корисниците на социјалните мрежи беа зачудени колку нејзиното лице изгледа постаро и наликува на жена во доцните четириесетти.

     

    Кајли се одлучила за популарниот природен изглед на шминка. Поточно, нашминкани сте, но како да не сте. Изгледот на ријалити ѕвездата го нарекоа класичен пример за предвремено стареење од прекумерната употреба на ботокс и филери, пишува „Блиц жена“.

    „Изгледа како да има 48 години“, „Лицето вели – преживеав две светски војни и три економски кризи“, „Како некоја затегната баба“, „Страшно е што има 26 години, а изгледа како старица“, се само некои од коментарите под снимката од Кајли.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img