Имал прирачник за обука на џихадисти и произведувал рицин

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Тинејџерот обвинет за напад со нож врз три девојчиња на курс по танц во Англија, посветен на Тејлор Свифт, е обвинет за производство на смртоносниот отров рицин и за терористичко дело поради поседување прирачник за обука на џихадисти, соопшти полицијата.

Осумнаесетгодишниот Аксел Рудакубана, обвинет за убиство на три мали девојчиња и за ранување уште 10 лица на 29 јули, произвел рицин, кој бил пронајден при претрес на неговиот дом, соопшти полицијата во Мерсисејд. Бил пронајден и компјутерски документ со прирачник за обука на Ал Каеда, насловен: „Воени проучувања на џихадот против тирани“.

Рицинот се извлекува од растението рицинус и е еден од најсмртоносните токсини во светот. Нема позната вакцина или противотров. Овој отров ги уништува клетките спречувајќи ги да произведуваат протеини.

Во август, Рудакубана беше обвинет за нападот со нож во Саутпорт кој, според полицијата, не беше класифициран како „терористички инцидент“ бидејќи мотивот сè уште беше непознат. Полицијата сега ги објави новите обвиненија за производство на отров и за поседување терористички прирачник.

Нападот со нож се случил во првата недела од летниот одмор кога дваесетина млади девојки танцувале на музика од Свифт во „Харт Спејс“ – општински центар за разни активности – од семинари за бремени жени до фитнес кампови за жени.

Нападите предизвикаа гнев кај десничарските активисти кои ги насочија критиките против имигрантите и муслиманите откако на социјалните мрежи осомничениот – тогаш неименуван – бил погрешно идентификуван како азилант кој неодамна пристигнал во Велика Британија со чамец.

Неколку часа по одржаното бдеење за жртвите од Саутпорт, насилна толпа нападна џамија во близина на танцовото студио, фрлајќи тули и пивски шишиња, и запали полициски комби. Немирите се проширија низ Англија и низ Северна Ирска и траеја една недела. Над 1.200 лица беа уапсени, а стотици осудени.

„Рудакубана е роден во Велс во семејство на родители од Руанда“, соопшти полицијата.

Британските медиуми наведуваат дека бил воспитан како христијанин.

- Advertisement -
Ad image
Share This Article