Илјадници луѓе се простуваат од ирската пејачка Шинејд О’Конор, која почина на крајот на јули.
Погребното возило со ковчегот патува долж брегот на градот Бреј, а ожалостените поставуваат цвеќиња на покривот. Предвидено е погребната поворка да помине покрај куќата во која О’Конор живеела 15 години.
Улиците се полни со обожаватели и пријатели кои сакаат да и оддадат почит на пејачката.
Погребното возило го следи комбе од кое се слушаат песните на починатата пејачка.
Откако луѓето ќе и оддадат почит, Шинејд О’Конор ќе биде погребана на приватна погребна церемонија на која ќе присуствуваат само блиските пријатели и семејството, пренесува „Индепендент“.
Потсетуваме, познатата ирска пејачка почина на 56-годишна возраст. Таа стана светска ѕвезда во 1990 година со нејзината легендарна обработка на песната на Принс „Nothing Compares 2 U“. Заедно со оваа песна, таа создаде и други хитови како што се „This is the Day“, „Thank You For Hearing Me“, „This is a Rebel Song“ и многу други. Во текот на нејзината кариера издаде 10 студиски албуми.
ФОТО: Инстаграм