More

    Илија Димовски одговори на заканите на Мицотакис

    spot_img

    Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ одговори на изјавата на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис дека Грција нема да ги ратификува трите меморандуми од Преспанскиот договор сè додека не види дека Скопје целосно го почитува истиот.

    Димовски на Фејсбук пишува:

    „Мицотакис денес најави дека нема да се ратификуваат протоколите за соработка со Република Македонија…
    Тие секако чекаат од 2020 година (во случај ако на новите опозиционери им текне да ја критикуваат новата сè уште невоспоставена власт)…

    Еден од тие протоколи се однесува на процесот на пристапување на Република Македонија кон ЕУ…
    Без тој грчки протокол, и со неколку бугарски вета, ЕУ бара од нас да веруваме во нејзината посветеност за брзо пристапување на регионот во ЕУ… Чудно, нели?

    Попатно ќе побараат да се откажеме уште од некоја своја историска или идентитетска карактеристика, и онака веќе почнавме…

    Да почекаме да видиме дали денес ќе има приближно исти реакции за Мицотакис, како што имаше за Силјановска…“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img