More

    Македонски адвокат почина во судница

    spot_img

    Адвокатот Јанаки Митровски преку својот Фејсбук профил сподели трагична информација за тоа дека во самиот Граѓански суд, практично на судење, починал негов колега адвокат.

    „Бев сведок на исклучително непријатна ситуација. Чекајки судење на прв спрат во скопскиот граѓански суд во девет наутро, одеднаш се слушна силен тресок, и колега адвокат падна на земја пред мои очи. Притрчавме повеќе луѓе, го полија со вода но колегата помодре на ликот и не даваше значи на живот. Друг колега не можеше да му најде пулс. Викнаа брза помош која, секоја чест, дојде за шест минути, но за жал не успеаjа да го реанимираат и човекот си почина на работното место. Лесна му земја. Навистина сакам да алармирам, мимо сите гнусни стереотипи околу адвокатурата, дека се работи за исклучително стресна професија која секојдневно зема данок. Баталете ги предрасудите дека отвoраш канцеларија и пари врнат, реалноста е дијаметрално спротивна и адвокатскиот леб е многу горчлив. Воедно сакам и да апелирам на постарите колеги и колешки (починатиот колега имаше 68-70 години) дека нема потреба да се работи до смрт. Лично немам никаква намера да работам адвокатура после моите педесет и две-три години. Премногу се вознемирив, и сѐ уште сум, вечна му слава на колегата и сочуство до семејството“, пишува меѓу другото Митровски.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img