Или поддршка од ЕУ и од САД, или ништо, категоричен е министерот за правда

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Министерот за правда Кренар Лога почнал консултации со внатрешни и меѓународни фактори за можните модалитети на ветингот.

Тој во интервју за „Програма 200“ во Алсат-М откри дека на средбата со евроамбасадорот во Скопје го искажал своето мислење дека на земјава не ѝ треба разочарување на граѓаните, како што се случи со поранешното Специјално јавно обвинителство.

Доколку нема поддршка од ЕУ и од САД, министерот Лога рече дека не може да има процес на ветинг.

– Со други зборови, на Македонија најмалку ѝ треба поголемо разочарување од тоа што се случи. Ние сме во фаза на контакти и размена на мислења, тоа што го споменав претходно, ќе се избира модалитетот како ќе влеземе во овој процес. Ако немаме директна вклученост на ЕУ, со постојани советници во смисла на инструментот што треба да ни помогне, како и вклучувањето на САД за да го зголемиме кредибилитетот во овој процес, тогаш верувам дека нема потреба од ветинг. Или ќе влеземе во вистински процес, кој ќе го оправда кредибилитетот кон мене и кон министерството и кредибилитетот на јавноста, или воопшто не вреди да се почне – изјави министерот Лога.

Тој додаде дека евроамбасадорот изразил подготвеност директно да се вклучи во овој процес, а потсети дека и американската амбасадорка покажала посебен интерес за тоа.

Share This Article