Навивачи на Ливерпул ноќеска им пречеа на играчите на Реал Мадрид да спијат пред денешниот натпревар.
Имено, експедицијата на мадридскиот клуб престојува во хотелот „Инсајд Ливерпул“. Во 2 часот по полноќ навивачите на англискиот тим приредија огномет покрај хотелот со што сакаа да им го пореметат одморот на играчите на Реал.
Ова не е прв случај навивачи да го нарушуваат ноќниот одмор на фудбалери од противничка екипа.
Двете екипи ќе се сретнат во осминафиналето од Лигата на шампионите. Првиот натпревар ќе се одигра во Ливерпул вечер со почеток во 21 часот.