Играчи плаќале за да играат на Мундијалот во Катар

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Светското првенство во Катар влегува во завршна фаза, а се наѕира катастрофа од незамисливи размери. Се почесто се слушаат гласини кои претходно можеа да се слушнат во врска со одредени репрезентации од овие простори, а пак се почесто кога се во прашање африканските селекции.

Така е и сега, со селекциите кои Мундијалот го завршија во групната фаза, селекциите на Камерун и Гана.

И пред почетокот на Мундијалот се стана сомнително кога селекторот на Камерун, Ригоберт Сонг во моментот кога го соопштуваше списокот изгледаше како да не е баш најдобро запознаен со имињата на фудбалерите кои ги чита.

 

На неговиот список се најдоа Џером Нгом Мбекели и Суаиба Мара кои претходно одиграа само три натпревари во дресот на Камерун.

– Одредени репрезентативци на Камерун и Гана плаќале за да играат на Светското првенство. Некои од нив плаќаа и за само да се најдат на списокот на селекторот – открива познатиот новинар Ромен Молин.

Неговите тврдења направија вистински хаос и веќе се објавуваат имиња на играчите за кои се смета дека платиле. Навивачите на Гана веруваат дека Баба Рахман платил за да биде на големата сцена, а на сметка на тоа испаднал Џефри Шлуп од Кристал Палас.

Share This Article