Иако нема да има соработка меѓу продуцентската куќа ХБО и српскиот актер Милош Биковиќ во третата сезона на серијата „Белиот лотос“, тој ќе биде целосно платен како да играл во неа, потврдено е за „Блиц“.
Ликот што требаше да го игра Милош Биковиќ требаше да биде во шест од вкупно осум епизоди од новата сезона на оваа ТВ-серија.
Сепак, Биковиќ реши целата сума што ќе му ја исплати ХБО да ја насочи во хуманитарни цели, за да им помогне на младите да се образуваат и професионално да се усовршуваат.
– Како што кажав и претходно, ми беше голема чест што бев поканет да работам со Мајк Вајт во ваква серија. Мотивот за учество во ваков проект беше чисто актерски и уметнички предизвик. Бидејќи нема да се реализира, хонорарот што би го заработил сакам да го насочам кон оние кои утре ќе нè претставуваат во светот – потврдил Биковиќ за „Блиц“.