More

    И покрај благиот пад на инфлацијата, кризата во Германија зема се поголем замав

    spot_img

    И покрај благиот пад на инфлацијата, кризата во Германија зема се поголем замав. Расположението на потрошувачите во Германија се влошило во јуни, што ги одразува проценките за слабеење на куповната моќ и пад на економијата под притисок на зголемените трошоци за задолжување, покажаа податоците од групацијата за истражување на пазарот GfK.

    Очекувањата на граѓаните за приходите, а особено за економијата, во последно време повторно се влошија, откри GfK во студијата за потрошувачката клима во последниот месец.

    Истражувачите од Нирнберг објавија месечни истражувања за расположението и трошењето на германските граѓани.

    – Сегашниот тренд во расположението на потрошувачите повторно покажува зголемена несигурност.Тоа се рефлектира, меѓу другото, во повеќекратното зајакнување на склоноста кон штедење овој месец, вели експертот за потрошувачи во GfK, Ролф Буеркл.

    Во изминатите осум месеци, расположението на потрошувачите малку се подобруваше од месец во месец, но во јунското истражување GfK прогнозира мало влошување за прв пат по многу месеци.

    Упорно високата инфлација во најголемата европска економија, која моментално изнесува околу шест отсто, „забележливо ја намалува куповната моќ на граѓаните и ја спречува приватната потрошувачка да даде позитивен придонес“, рече Буеркл.

    Но, како што додаде, инфлацијата во моментов слабее, што може да сигнализира подобри денови кои претстојат.

    На расположението на потрошувачите влијае и конфликтот во владејачката коалиција околу предложениот закон за греење на домаќинствата, кој предвидува замена на системите кои работат на фосилни горива со поеколошки.

    Според GfK, загриженоста за потенцијалните првични трошоци на новите системи за греење ги кочи инвестициите во други области.

    Домаќинствата опфатени во анкетата очекуваат послаба куповна моќ годинава, со оглед на високата инфлација која зголемувањето на платите не може да ја надомести.

    Тие се значително попесимистчки расположени и во прогнозите за економијата, со оглед на континуираното зголемување на клучните каматни стапки во еврозоната.

    Германската економија во првиот квартал падна во рецесија, што се одрази и на резултатите од еврозоната, а Европската централна банка порачува дека сѐ уште не завршила со зголемувањето на каматните стапки и покрај слабеењето на активноста.

    Секој месец, GfK спроведува анкета меѓу приближно 2.000 граѓани со цел да се истражи расположението на потрошувачите.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img