Министерот за надворешни работи Бујар Османи за ТВ24 изјави дека Протоколот ќе биде објавен пред да биде ставен потпис на него.
Османи вели дека во Протоколот, како и во целиот француски предлог нема ништо спорно, како и дека и Бугарите се незадоволни од предложениот компромис.
– Тие не се задоволни, затоа што треба да признаат македонски јазик, официјално во Европската Унија. Тие не се задоволни што нема поглавја, што нема одредници, единствено што добија е промена на Уставот за да бидат внесени Бугарите. Ништо повеќе нема во францускиот предлог како компромис, освен тоа – рече Османи.