More

    Хунтата во Буркина Фасо тврди дека спречила обид за државен удар

    spot_img

    Безбедносните и разузнавачките агенции во Буркина Фасо тврдат дека успешно спречиле обид за државен удар во вторникот, соопштија воените власти на земјата, јавува Би-Би-Си.

    Во изјавата прочитана на државната телевизија во средата вечерта, официјалните лица рекоа дека неколку осомничени се уапсени, а други се трага, без да наведат дополнителни детали.

    Неколку часа претходно, привремениот претседател на земјата, Ибрахим Траоре, рече дека е „решен безбедно да ја води транзицијата кон демократија“. Хунтата претходно најави дека изборите ќе се одржат до јули следната година.

    Помина нешто помалку од една година откако Траоре ја презеде власта со државен удар.

    Тоа беше втор државен удар во земјата во 2022 година, кој се случи во услови на растечки исламистички бунт.

    Во вторникот, гласините за можен бунт поттикнаа стотици луѓе да излезат на улиците на главниот град Уагадугу во поддршка на хунтата.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img