More

    АХВ со поддршка на глобалната кампања за одбележување на 28 Септември- Светски ден на борба против беснило

    spot_img

    Bо светот на секои 9 минути од беснило умира по едно лице или околу 59 илјади луѓе со светски рамки. Апелирам до граѓаните да бидат одговорни сопственици. Чувањето на милениците, не значи само обврска за обезбедување дом и храна за нив, туку и посветено водење сметка за нивна здравствена заштита – вели Николче Бабовски, директор на Агенција за храна и ветеринарство, која и годинава се приклучува со поддршка на глобалната иницијатива за одбележување на 28 Септември – Светски ден на борбата против беснило.

    – Примарно е милениците да се микрочипираат и да се вакцинираат против беснило, обврска која треба да се спроведува секоја година и со која ќе се обезбеди здравје и заштита од беснилото на милениците, но и на семејството и општеството во целина – рече Бабовски.

    Фокусот на светската кампања годинава е ставен на соработката и вакцинацијата, како основи на кои се темели борбата против беснилото и во земјава.

    – За среќа, во Република Северна Македонија во однос на оваа болест епидемиолошката состојба е стабилна. Од последните евидентирани случаи на беснило во 2012 година, кај мачка во радовишкото село Аргулица и кај волк во кочанското село Главовица, во земјава нема беснило. Како одговорна институција, навреме ги преземаме потребните мерки за контрола на состојбата. Во моментов, во тек е спроведувањето на информативна кампања Стоп Беснило, која се реализира на 12 локални радио станици со емитување на едукативни радио спотови за препознавање на болеста и пријавување на сомнителни случаи. Во рамки на оваа кампања на АХВ, подготвени се и постери и флаери – информира Бабовски.

    Во однос на дивата популација, почнувајќи од 2011 година, со поддршка на Европската Унија, Агенцијата за храна и ветеринарство спроведе 19 кампањи на орална вакцинација на лисиците. Оваа година спроведени се две кампањи, во јануари и во мај. Според планираното, есенва ќе се спроведе уште една кампања за орална вакцинација на лисиците против беснило, со авионско фрлање на мамки на целата територија на земјава, информира директорот Бабовски.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img