Популацијата на пингвините Хумболт драстично се намали долж централниот брег на Чиле, што ги прави еден од најзагрозените видови пингвини, предупредуваат експертите.
Минатата година, научниците истражија два острова во близина на брегот на Чиле и открија 842 пара пингвини во процес на размножување или гнездење. Годинава пронајдоа само еден пар.Паулина Арце, ветеринар специјализиран за пингвини, рече дека популацијата на пингвините на сите истражувани острови се намалила или останала исти.
„Ова може да доведе до уште подрастично сценарио – истребување на видовите“, предупреди таа.
Хумболт пингвините живеат на брегот на Тихиот Океан на Чиле и Перу. Така се именувани затоа што пливаат во студената струја на Хумболт. Тие тежат до пет килограми, а растат и до 70 сантиметри.
Диего Пеналоза, претседател на фондацијата за заштита на сафари, рече дека главните закани за пингвините во дивината се загадувањето, недоволното следење и заканите за местата за размножување. Дополнително ги зафати птичјиот грип кој беше пораширен поради метеоролошкиот феномен Ел Нино.
Како резултат на тоа, нивната стапка на репродукција падна на речиси нула, рече Хавиера Меза, раководител на одделот за зачувување на биолошката разновидност во националната шумска канцеларија Conaf.