Хрватскиот министер за одбрана Иван Анушиќ најави дека во четврток во Хрватска ќе пристигнат првите шест од вкупно 12 борбени авиони Рафал.
„Преку историски лет од Бордо до Загреб, во траење од час и 40 минути, пилотите на победничката Хрватска армија, кои беа обучени во Франција, во четврток во Хрватска ќе донесат моќни ловци и нови заштитници на нашиот воздушен простор“, напиша Анушиќ на социјалната мрежа Икс (Х).
Тој додаде дека модернизацијата на воздушната флота е најголемата инвестиција на Владата и Министерството за одбрана во безбедноста на државата. Во 2021 година, Хрватска потпиша приговор со Франција за купување на 12 половни француски борбени авиони Рафал во вредност од 999 милиони евра.
Првиот авион беше преземен во октомври минатата година во француската воена база во Мон де Марсан. Во Франција на обука се испратени околу 90 членови на техничкиот и летечкиот персонал.