More

    Хрватската полиција уапси двајца работници од Албанија под сомнение дека го предизвикале пожарот на островот Чиово

    spot_img

    Хрватската полиција уапси двајца работници од Албанија под сомнение дека го предизвикале пожарот на островот Чиово. Според весникот Слободна Далмација, двајцата уапсени албански државјани имале работни дозволи и легално престојуваат во Хрватска. Тие изведувале градежни работи на куќа на островот Чиово.

    По извршениот увид, еден од работниците е пуштен на слобода. Според полицискиот увид, пожарот избувнал бидејќи 45-годишниот работник од Албанија кој извршувал градежни работи на куќа на Чиово, брусел железо без соодветна заштита.
    „Полициските службеници од Полициската станица Трогир завршија кривична истрага за 45-годишен странски државјанин на Албанија, за кого со кривичната истрага е утврдено постоење на основано сомнение дека на 27.07.2023 година во попладневните часови, при градежна работа не поставил пропишани средства за заштита од пожари, верувајќи дека ваквото однесување нема да ги загрози имотот и животот. Тој брусел железо на покривот од зградата, поради што настанала искра која предизвикала пожар и изгорела повеќе од 500 хектари ниска вегетација и борова шума“, соопшти полицијата.

    Во пожарот на Чиово што избувна избувна вчера доцна попладне изгореа 500 хектари ниска вегетација и борова шума. Во гаснењето на пожарот учествувале 152 пожарникари.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img