More

    Хрватската пејачка смета дека во Србија не се живее слободно

    spot_img

    Познатата хрватска пејачка Северина го критикуваше српскиот претседател Александар Вучиќ за несреќата со уривањето на бетонската покривка на влезот на Железничката станица во Нови Сад.

    Со зборовите „најголемата натстрешница во Србија“ и смајли од кловн таа објави фотографија од српскиот претседател, a во позадина ечеше песната „Живети слободно“ на Ѓорѓе Балашевиќ.

    Претходно, таа упати порака за поддршка на настраданите.

    „Во Нови Сад испраќам најнежни мисли, сила и љубов за сите семејства кои ги загубија своите најблиски во голема трагедија…“, порача таа преку Инстаграм.

    Северина претходно изјави дека нема да дојде во Србија додека е Александар Вучиќ на власт.

    Четиринаесет лица загинаа, а три лица се борат за живот по несреќата. Илјадници демонстранти во петокот околу пладне му порачаа на Вучиќ со пораката „ова е последна капка“.

    Тројца од повредените кои се на лекување во Клиничкиот центар во Војводина се уште се во критична состојба.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img