Хрват освои милион куни на лотарија во студиото на ХРТ, неговата реакција беше хит
Јадранко од Загреб освои 1 милион куни во 84-то коло од играта Лото 7 во студиото ХРТ како дел од Втората шанса, а неговата реакција стана хит.
Имено, откако го заврте тркалото и стана побогат за милион куни, водителката Јелена Глишиќ весело му ја соопшти веста, на што Јадранко само смирено одговори: „Благодарам многу“.
Јадранко во 81. коло годинава уплати тикет преку интернет и одигра една комбинација и уплати сума од 7,50 куни, а со пријавувањето на играта Втора шанса синоќа својот недобитен тикет го претвори во добитен.
Да потсетиме, ова не е првпат реакцијата на победниците во Втора шанса да ја забавува јавноста. Минатиот месец на интернет се рашири видео од реакцијата на еден загрепчанец кога освои 1 милион куни на тркалото за награда на Хрватската лотарија. И остана „ладен како шприц“ по победата.