Покрај возраста и генетиката, храната е исто така еден од факторите кои можат да предизвикаат деменција, како што покажа новото истражување на Американската академија за неврологија. Тоа е преработена храна која го зголемува ризикот од развој на оваа болест.
Во истражувањето учествувале 72.083 учесници на возраст од 55 и повеќе години кои биле следени околу десет години. До крајот на истражувањето, на 518 лица им била дијагностицирана деменција, пренесува Eat This, Not That, пренесува N1 Zagreb.Во просек, на секои 10 отсто зголемување на дневната потрошувачка на преработена храна, ризикот од деменција бил за 25 отсто поголем, покажале резултатите.
Преработената храна содржи голема количина шеќер, натриум, нездрави масти и хемикалии кои негативно влијаат на здравјето.
Ако преработената храна се замени со минимално обработена или необработена храна, ризикот е многу мал.
Ова е уште еден доказ, според експертите, дека храната игра важна улога за здравјето на организмот. Затоа, посочуваат, луѓето треба да се информираат за замена на нездравата со здрава храна.