More

    Важноста на храната која има низок гликемиски индекс

    spot_img

    Конзумирањето намирници кои со месеци се влечени по кујнските витрини може да го намали ризикот од некои здравствени проблеми, неодамна открија експертите.

    Луѓето често купуваат здрава храна богата со хранливи материи, но како што одминува времето забораваат, запоставуваат и прибегнуваат кон некои нездрави опции.

    Причините може да бидат метежот и вревата на животот или други навики во исхраната. Лекарите веруваат дека луѓето често акумулираат храна што би сакале да ја консумираат, па така се залажуваат и создаваат поинаква перцепција за исхраната од онаа што всушност ја практикуваат.

    Според извештајот на Европското здружение за кардиологија, лекарите веруваат дека консумирањето храна со низок гликемиски индекс (ГИ) може да им помогне на луѓето на кои им е дијагностицирана коронарна срцева болест.

    Според вредностите на гликемискиот индекс, храната се рангира според тоа колку брзо влијае на нивото на шеќер во крвта. Ако се храните лошо, веројатно е дека нивото на гликемиски индекс ќе се зголемува секојдневно, а здравата врска со храната е еден од клучните начини за спречување и контрола на коронарната срцева болест.

    Храната со висок ГИ вклучува бел леб, бел ориз, компири и слатки, додека некои од храната со низок ГИ вклучуваат овес, интегрален ориз, цели зрна, грав, леќа, наут, мешунки, овошје како јаболка и портокали, но и лиснат зеленчук. Њујорк пост

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img