More

    Херцог е првиот претседател на Израел кој ја посети Тирана

    spot_img

    Албанскиот премиер, Еди Рама, на заедничката прес-конференција во Тирана, со претседателот на Израел, Исак Херцог повика на прекин на конфликтот меѓу Израел и Палестина, оценувајќи дека „војната против тероризмот е потешка отколку што може да се види“, објави Ора њуз.

    – Бевме, сме и секогаш ќе бидеме цврсто против каква било форма на антисемитизам и против секое изразување или нетрпеливост кон Евреите. Се разбира, многу сме свесни дека она што се случува на териториите каде што живее народот на Израел и народот на Палестина е многу сериозно и тоа е апсолутно нешто што мора да заврши што е можно поскоро. Добро ни е познато дека ова е полесно да се каже одошто да се направи. Војната против тероризмот е потешка одошто може да се види – рече Рама.

    Додаде дека Албанија „беше поддржувач на прекинот на огнот со сите напори заложниците да се вратат дома и со заложби за доброто на сите луѓе“.

    – Јас сум многу заинтересиран да истакнам дека иако ова се многу тешки времиња за Израел, за неговиот народ и за сите луѓе кои живеат во тој дел од светот, иднината ќе биде иднина на посилен Израел и на помирен регион. Отворени сме да ги пречекаме сите Израелци кои сакаат да дојдат, без разлика дали се туристи, претприемачи, уметници, писатели, луѓе кои се занимаваат со технологија или дури и полнолетни личности кои сакаат да живеат во срцето на Албанија – порача Рама.

    Шефот израелската држава, Херцог, рече дека се чувствува почестен што е првиот израелски претседател кој ја посетил Албанија, додавајќи дека „значајно е да се биде меѓу пријатели во ова болно време за Израел“, нагласувајќи дека откако Хамас го нападна Израел, „Албанија цврсто се постави на вистинската страна на историјата“.

    – Се наближува првата година откако Хамас брутално го нападна Израел кога илјадници терористи влегоа во нашата земја, брутално убија илјадници и киднапираа стотици Израелци и странци во Газа. Од тој мрачен ден во октомври, Албанија цврсто се стави на вистинската страна на историјата, покажувајќи уште еднаш дека стои покрај израелскиот народ, додека ние се бориме да ги заштитиме нашиот народ и нашата граница, особено во име на сонот да воспоставиме мир меѓу нас за да можат сите во регионот да живеат во мир – изјави Херцог.

    За жал, додаде, „ние се бориме со повеќе од еден терористички непријател во исто време“.

    – Сенката на крвта што ги врзува сите агенти на омраза е Иран и неговата опседнатост со уништување на израелската држава. Овде добро го познавате овој режим. Албанците и Евреите споделуваат долга и значајна историја – посочи тој.

    Хергоц претходно имаше средба со својот колега, претседателот Бајрам Бегај.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img