More

    Хавиер Милеи ја прекина експлозивната врската со актерката Фатима Флорез

    spot_img

    Аргентинскиот претседател Хавиер Милеи (53) потврди дека ја прекинал својата, како што претходно изјави, „експлозивна врска“ со актерката Фатима Флорез. Популистичкиот лидер како причина за прекин на врската ги наведе неговите и нејзините многубројни деловни обврски.

    Милеи го објави крајот на љубовта на социјалната мрежа Х, порано Твитер:

    – Како резултат на големиот професионален успех Фатима, на која сум исклучително горд,  доби бројни понуди за работа како во САД така и во Европа. Надополнето со сложената задача со која се соочувам денес и која Аргентинците ми ја доверија, ова не доведе да живееме одвоени, спречувајќи нè да ја имаме врската како двојка што би сакале да ја имаме, и покрај тоа колку се сакаме. . .Затоа решивме да ја прекинеме врската и да го сочуваме пријателството со оглед на тоа колку имаме силни чувства еден за друг и колку се сакаме, се почитуваме и се восхитуваме – наведе претседателот во пораката.

     

    Од друга страна, Фатима Флорез (43) јавно не го коментираше раскинувањето, кое следеше само неколку дена откако парот беше виден како заедно излегуваат од синагога на Флорида. Односот меѓу аргентинскиот претседател и актерката бил многу хармоничен и тие ги информирале локалните медиуми за нивниот сексуален живот. Милеи во интервјуата изјавил дека е „многу заљубен“ и ја опишал врската како „егзотична“, додека актерката изјавила дека „паднала на Хавиер“.

    – И кога сме разделени сме блиски. А кога сме блиску, ние сме експлозивни, знаете на што мислам – рече таа во изјава за Sunday Times.

    Таа изјавила дека нема поплаки за задоволството кое и го пружа Милеи во сексот, истакнувајќи дека има „многу задоволства“.

    – Вистината е дека сме среќни. Работата не ја носиме дома, кога сме заедно само уживаме. Хавиер е посветен претседател, тој спие малку за да заврши што е можно повеќе работа. Тој не е како другите политичари, никој не сака такви како него – изјави Фатима.

    Милеи и Флорез почнаа да се забавуваат веднаш откако се појавија заедно во ТВ шоу во декември 2022 година, само два месеци откако таа се разведе по 22 години брак.

    Претседателот на Аргентина, кој е познат по своето неформално појавување во јавноста, се соочува со бран големи протести по одлуката за значително намалување на јавната потрошувачка поради економската криза. Тој го намали бројот на федерални агенции од 24 на 8 и повика на укинување и спојување на министерствата за образование, развој, здравство, правата на жените и заштитата на различностите.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img