More

    Цената на акциите падна за 30% по објавување на планот за следната година

    spot_img

    Чевларската компанија „Д-р Мартенс“, најпозната по чизмите „Мартин“, е во неволја бидејќи акциите на британската компанија на лондонската берза денеска паднаа за 30%, на најниско ниво во историјата.

    Тргувањето со акциите на оваа компанија беше привремено прекинато утрото откако компанијата ги објави плановите за 2025 година, во која очекува послаби приходи.

    – Изгледите за фискалната 2025 година се предизвикувачки, а целата организација е фокусирана на нашиот план повторно да ја стимулираме побарувачката за чизми, особено во САД, нашиот најголем пазар – напиша извршниот директор на компанијата  Кени Вилсон.

    Компанијата соопшти дека ќе ги објави целосните резултати за оваа година на 30 мај, за кои рече дека се во согласност со очекувањата на пазарот.

    Кени Вилсон ќе ја напушти функцијата извршен директор во март 2025 година, а неговото место ќе го заземе актуелниот извршен директор на брендот Ије Нвокорие.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img