Харис Џиновиќ на веста дека Мелина и Тони Бијелиќ се истовремено во Монако

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Пејачот Харис Џиновиќ се огласи за српски „Телеграф“ по повод веста дека Мелина Џиновиќ и Тони Бијелиќ, сè уште законскиот сопруг на Драгана Мирковиќ, се истовремено во Монако, што многумина ја коментираат со зборовите дека „не е случајност“.

Мелина, како што наведуваат српските медиуми, пред неколку дена отпатувала за Монако, а денеска Тони објави фотографија од истото место.

Екипата на „Телеграф“ во оваа прилика го контактирала познатиот пејач Харис, кој имал краток и не баш пријатен коментар во врска со споменатата ситуација.

– Ве молам, оставете ме на мир, апсолутно не ме интересира оваа тема! Навистина не ми е гајле – рекол Харис, кој изгледа решил помалку да зборува за својата поранешна сопруга во јавноста.

Да потсетиме, Мелина Џиновиќ неодамна се разведе од пејачот Харис Џиновиќ, со кој има две деца – ќерката Џина и синот Кан.

Таа никогаш не се огласила во врска разводот, а единствена реакција позната на јавноста е нејзиното упад во семејната вила, поради што и таа и Харис завршиле во полиција, за да дадат изјави во својство на граѓани.

Мелина сега реши да патува и да си ги расчисти мислите, а својот мир, макар и на кратко, реши да го најде во Монако, каде што пристигна минатата недела.

Сепак, она што го привлече вниманието на сите е тоа што Тони Бијелиќ е и во Монако во исто време со поранешната сопруга на Харис.

Бијелиќ, која моментално е во процес на развод од пејачката Драгана Мирковиќ, денеска на 17 април објави фотографија од Монте Карло.

- Advertisement -
Ad image
Share This Article