More

    Харис Џиновиќ имал афера со 10 години помлада девојка од Мелина

    spot_img

    Харис Џиновиќ (72) во првата изјава по разводот со Мелина Џиновиќ истакна дека изневерениот сопруг последен дознава, алудирајќи на тоа дека неговата поранешна сопруга за време на бракот нашла друг партнер, што е една од причините за пропаѓањето на нивниот брак.

    Како што тврди извор близок до семејството Џиновиќ, познатиот пејач наводно имал афери во текот на бракот со сопругата Мелина, која ја напушти нивната семејна вила.

    Кога беше откриено дека Харис Џиновиќ и неговата 30 години помлада сопруга Мелина, со која доби две деца, ставиле точка на бракот, јавноста остана без зборови. Двојката извесно време не се огласуваше, а потоа Харис потврди дека Мелина ја напуштила нивната семејна вила, дека „таа ја знае причината“, како и дека „таа го оставила него“.

    Пејачот тогаш истакна дека „изневерениот сопруг последен дознава“, а како што сега пренесуваат српските медиуми, Харис е тој што наводно имал неколку афери во текот на бракот.

    За едната афера Мелина дознала пред три години, поради што имале жестока расправија. Според добро упатен извор, пејачот имал „врска без обврски“ со девојка непозната за јавноста која е 10 години помлада од неговата сопруга. Музичарот со таа девојка се гледал главно во вилата кога Мелина и нивните деца не биле таму.

    – Без разлика на годините на Харис, тој е голем заводник. Но, ниту тој не е цвеќе. Слушнав кога неодамна јавно навести дека се разведува бидејќи тој како изневерен сопруг последен дознал, но не ми е јасно зошто не кажува дека и тој имал афери за време на бракот. Жените со кои тајно се гледал не биле многу репрезентативни за јавноста, но тој поминувал време со нив. Со едната бил во врска со месеци. Таа девојка е атрактивна, му годеше тоа да го слуша, а тој постојано и се жалеше за Мелина. Замислете девојка да дојде кај вас и потоа да разговарате со неа за сопругата и тоа е главната тема. Мелина дознала за неговата врска гледајќи ги пораките во неговиот телефон, се скарале иако веќе тогаш односите меѓу нив беа затегнати –  изјавил изворот за „Курир“.

    Ниту Мелина ниту Харис не се огласиле во оваа прилика.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img