Харадинај го обвини косовскиот премиер дека се оддалечува од НАТО

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Лидерот на опозициската Алијанса за иднината на Косово (ААК), Рамуш Харадинај изјави дека косовскиот премиер Албин Курти го избрал патот на оддалечување на земјата од НАТО и, според него, тоа е во согласност со руската агенда, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во изјава за медиумите пред почетокот на денешната седница на Собранието, поранешниот премиер рече дека Косово мора да го спроведе француско-германскиот план за договор со Србија, кој води кон членство во НАТО.

– За нас ќе беше од голем интерес веднаш по постигнувањето на договорот, кој е познат како француско-германски план, да почнеме да го спроведуваме за навреме да ја фатиме можноста за зачленување во НАТО. Да не ги пропуштиме овие клучни моменти на НАТО, како што е овогодинешниот 75-ти самит. Целиот политички договор беше дека во случај на успешна имплементација, на Косово ќе му се отворат можности за интеграција – рече Харадинај.

Меѓутоа, додаде тој, „премиерот Курти избра друг пат, оној на оддалечување на Косово од НАТО, а за жал тоа е руската агенда, го сврте Косово кон руската агенда“.

– Наш интерес ќе беше веднаш по договорот, особено во однос на безбедносната ситуација, да продолжиме со имплементација, да влеземе во НАТО. За жал, Курти одеше наназад и тоа ги донесе овие околности – изјави Харадинај.

Share This Article