Хаос на некои изборни места во Русија, луѓе фрлаат молотови коктели (ВИДЕО)

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Хаос на некои изборни места во Русија, луѓе фрлаат молотови коктели (ВИДЕО)
Руските гласачи утрово почнаа да излегуваат на гласање, за тридневните претседателски избори кои сигурно ќе му донесат на Владимир Путин уште еден шестгодишен мандат на власт бидејќи нема вистински противници.

Гласањето во најголемата земја во светот започна со отворање на избирачки места на рускиот Далечен Исток, а дел од граѓаните решија да го бојкотираат изборниот процес. На социјалните мрежи се појавија снимки од палење на гласачки места и гласачки ливчиња, експлозии и фрлање молотови коктели на избирачкото место.

Изборите во земјата што опфаќа 11 временски зони ќе траат до недела навечер, кога последните избирачки места во Калининград на Балтичкото Море се затвораат во 20 часот по локално време.

Веднаш потоа се очекуваат првите прогнози. Руските државни агенции за истражување на јавното мислење веќе прогнозираа дека 71-годишниот Путин, кој е на власт речиси четвртина век и бара петти мандат, ќе добие повеќе од 80 отсто од гласовите. Тоа би бил најголемиот скор во историјата за него.

Путин има тројца формални ривали, што на изборите им дава привид на кредибилитет. Но, тие не само што немаат никакви шанси, туку имаат и политички ставови кои го фаворизираат Кремљ и обично го поддржуваат Путин. На кандидатите кои се изјаснија против војната на Путин во Украина им беше забрането да се кандидираат.

 

 

 

 

Share This Article