More

    Хана Хуљиќ проговори за љубовта со Грашо и нивната ќерка Алба

    spot_img

    Хана Хуљиќ и Петар Грашо се венчаа во 2022 година, а истата година ја добија и ќерката Алба.

    Брачниот пар ретко зборува за својот приватен живот, а Хана сега се отвори за мајчинството и нивниот однос.

    – Толку многу уживам во секој момент со неа, знам дека брзо ќе порасне и можеби сега едвај чекам да порасне, но подоцна ќе ми биде жал. Прекрасна е, весела е, внесе нешто посебно во нашиот живот – изјавила Хана за малата Алба и додала:

    – Тоа што детето расте во љубов, што денес, за жал, не е толку често и секогаш ми е жал за децата кои го немаат тоа и тоа ми е тешка тема, така што среќна сум што таа го има. Таа љубов и таа насмевка – рекла Хана за порталот „24сата.хр“.

    Да потсетиме, Хана и Грашо се венчаа во 2022 година, а истата година добија и бебе. Неодамна повторно се појавија гласини дека Хана е бремена.

    – Јас би сакал повеќе внуци. Што се однесува до мене, тоа би било одлично, но никоја околу мене не е бремена. Секогаш велам дека покрај Алба би сакал да имам уште внуци. Засега ги нема. Ќе биде, полека… – рекол своевремено таткото на Хана, музичарот Тончи Хуљиќ.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img