Хамас се откажа од клучното барање во преговорите

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
A picture taken on May 6, 2024 shows smoke billowing following bombardment east of Rafah in the southern Gaza Strip, amid the ongoing conflict between Israel and the Palestinian Hamas movement. The European Union's foreign policy chief Josep Borell condemned on May 6 Israel's order for Palestinians living in eastern Rafah to flee the Gazan city ahead of an expected ground assault.,Image: 870626148, License: Rights-managed, Restrictions: , Model Release: no

Палестинската милитантна група Хамас се откажа од клучното барање за договор за прекин на огнот во Појасот Газа и е подготвено да ѝ дозволи на израелската армија (ИДФ) да остане во енклавата „привремено“ за време на примирјето, пишува „Волстрит џурнал“ повикувајќи се на арапски посредници.

Според извори на американскиот весник, двете страни размислуваат за 60-дневен прекин на огнот во кој би биле ослободени до 30 заложници.

За возврат Израел ќе ги ослободи палестинските затвореници и ќе дозволи да се достави повеќе хуманитарна помош во Газа, додаваат изворите на весникот.

Извори на весиникот соопштија дека Хамас во неделата предал список на заложници, во кој имало американски државјани, жени, постари заложници и луѓе со здравствени проблеми, а ги навел и имињата на петмина загинати заложници.

Според „Волстрит џурнал“, тоа е првиот список што Хамас го предаде по привремениот прекин на огнот во ноември минатата година.

Во извештајот се наведува дека заложниците ќе бидат ослободени по стапувањето во сила на договорот, а Хамас потоа ќе започне да открива каде се наоѓаат и состојбата на преостанатите заложници, пишува Тајмс оф Израел.

Се додава дека израелските преговарачи се залагаат за ослободување на уште заложници во почетната фаза од примирјето, но дека се согласиле на постепено повлекување од коридорот Филаделфија, на границата меѓу Појасот Газа и Египет.

Изворите исто така рекоа дека Израел им кажал на посредниците дека ќе прераспореди војници во делови од Појасот Газа, но го отфрлил предлогот да се ограничи нивното присуство во одредени области, вклучувајќи го и северниот дел на палестинската енклава.

Share This Article