Хамас им претстави на посредниците и на САД план за прекин на огнот во Газа, кој вклучува ослободување на израелските заложници, во замена за слободата на палестинските затвореници, од кои 100 отслужуваат доживотна казна, пренесува Ројтерс.
Хамас нагласи дека првично ќе се очекува ослободување на израелски жени, деца, постари и болни заложници во замена за ослободување на 700 до 1.000 палестински затвореници.
Планирано е и ослободување на израелските регрути.
Кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху соопшти дека предлогот на Хамас за прекин на огнот во Газа има нереални барања, но и дека ова прашање ќе биде покренато на денешната седница на неговиот воен кабинет.