More

    Гутереш повика на хуманитарен прекин на огнот на Блиски Исток

    spot_img

     Генералният секретар на ОН денеска повика на итен прекин на огнот на Блискиот исток.

    „Повикувам на итен хуманитарен прекин на огнот на Блискиот Исток за да се олесни големото човечко страдање. Премногу животи – и судбината на целиот регион – висат на конец“, напиша Гутереш.

    Во порака на Х тој нагласи дека е „ужаснат“ од нападот врз болница во Газа во кој загинаа стотици луѓе.

    Пред да полета за кинескиот главен град за да присуствува на форумот „Појас и пат“, Гутереш рече дека го повикал Хамас веднаш и безусловно да ги ослободи заложниците, а Израел да дозволи итен и неограничен пристап до хуманитарна помош до Газа.

    Тој додаде дека нападот на Хамас врз Израел не може да го оправда колективното казнување на Палестинците.

    – Јас сум целосно свесен за длабоките поплаки на палестинскиот народ по 56 години окупација…. Но, колку и да се сериозни, тие не можат да ги оправдаат терористичките акти извршени од Хамас на 7 октомври. И овие напади не можат да го оправдаат колективното казнување на Палестинците – рече шефот на ОН.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img