Амбасадорката на Србија во Советот на Европа, Александра Ѓуровиќ изјави дека темата за членството на Косово во Советот на Европа може да се најде на дневен ред на кој било од следните состаноци на Комитетот на министри, кои се одржуваат секоја среда во Стразбур.
Предуслов за тоа е Бирото на ЈИ да ја вклучи таа точка во предложената агенда за состанокот, а Бирото во моментов го сочинуваат амбасадорите на Ирска, Исланд, Италија, Унгарија, Латвија и Лихтенштајн, истакна Ѓуровиќ за денешниот „Вечерње новости“. .
Таа додава дека 34 од 46-те членки на СЕ ја признале независноста на Косово, а потребното двотретинско мнозинство за членство на Приштина е 31.
Тоа значи дека бројките не ни одат во прилог, но ние се бориме за одбрана на нашите национални интереси со интензивна дипломатска активност и нема да застанеме тука, рече Ѓуровиќ.