Скопските такси превозници веќе подолго време имаат проблеми со кои се соочуваат па поради тоа од Групацијата веќе испратиле писмо до градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска од која бараат помош во решавањето на нивните проблеми.
– Веќе со години владее хаос во такси превозот во главниот град, поради тоа бараме решение на нашите проблеми – рече првиот човек на групацијата, Сашо Рајчановски во гостувањето на Телма.
Тој вели дека таксистите немаат долгови кон град Скопје, но имаат проблеми со издавањето на лиценци.
Според него, многу таксисти возат без лиценца, а има и такви кои се лиценцирани, но без фискални таксиметри или со диво наштелувани таксиметри.
– Низ скопските улици има над 1.500 диви таксисти, а со решавање на овој проблем, се очекува намалување на бројот на невработени во Агенцијата за вработување, но и полнење на буџетот на Македонија со околу 200.000 евра месечно – посочува Рајчановски.