More

    Груевски до Ковачевски: Зошто пред 7 години е прекинат проектот кој го праќаше медицинскиот персонал на обуки низ светот

    spot_img

    Зошто власта ја укина праксата лекарите и медицинскиот персонал да одат на обуки низ клиниките во светот, прашува поранешниот премиер во бегство, Никола Груевски, во својот последен стасус на Фејсбук. Тој потсетува дека до пред 7 години на обуки оделе лекари и медицински персонал од сите градови во Македонија и се враќале со писмена потврда од клиниката во која биле, за тоа која вештина ја научиле и до кој степен, односно за што се оспособиле да работат.

    „Зошто власта е против тоа лекарите во Македонија да ги знаат најнапредните и најнови методи за лекување во светот?

    Потсетувајќи се на дел од проектите во здравството кои ги спроведовме, се запрашав и помислив што оваа влада во овие шест години спроведе во здравството?

    Што создадоа тие?

    Што набавија?

    Што системски реформираа?

    Кое знаење и нови вештини го донесоа во земјата?

    Колку лекари во државна организација и трошок имаа обуки во светските врвни клинички центри? И кои се тие клиники?

    Според моето мислење, иако тешко е да се каже кој е нашиот најзначаен проект во здравството, јас мислам дека најважен проект беше она што е поврзано со човечкиот ресурс и знаењето, а тоа беше масовниот и организиран од страна на државата тренинг и дополнителна обука и едукација на лекарите и другиот здравствен персонал најмногу во Америка и во Европа, и помал број во Австралија и во Азија.

    Приближно околу 4.000 лекари, медицински сестри и друг здравствен персонал добија дополнителна обука со престој во странски најнапредни клиники и болници за поставување разни дијагнози и правење интервенции или лекување за нешто што претходно не беше развиено, ниту имаше пракса во Македонија како вештина или беше многу малку и недоволно развиено, особено во делот на лекарите. Некои од нив преку тие контакти се вклучија и во развој на меѓународни медицински научни проекти и истражувања.

    Во Македонија не доволно се цени и вреднува она што во напредниот свет најмногу се цени и се бара – знаењето, искуството, вештините, научните истражувања, иновации и нови достигнувања и добивањето на најдобри експертски искуства во светот. Тоа најчесто станува важно само кога некому лично нешто во даден момент ќе му стане важно, како на пример – болест!

    Овој проект беше идеја која ја предложив некаде на средината на мојот мандат како премиер и неразумно, нелогично и без објаснување беше стопирана веднаш по доаѓањето на СДСМ на власт.

    Покрај министерот за здравство и неговиот тим, јас бев лично ангажиран во изнаоѓање и барање клиники-партнери, во редот на најпознатите болници и клиники во светот а со цел да примат наш здравствен кадар на дообука која траеше од неколку недели па до повеќе месеци и од која доаѓаа назад лекари со научени нови методи за поставување дијагнози и лечење, за нови интервенции за кои претходно немале обука и не ги правеле во Македонија.

    Тоа на пациентите, на народот му носеше многу корист а на државата голема заштеда, бидејќи претходно за таквите здравствени проблеми немаше решение за лечење во Македонија, па државата на државен буџетски трошок праќаше пациенти на лекување во странство што беше скапо. Кого праќаше, кого и не праќаше туку го упатуваа по разни комисии и административни лавиринти, пa на крај луѓето бараа помош јавно преку донации од граѓаните. Некои чекајќи си умираа.

    Тие заштеди од плаќања интервенции во странство од буџетот кои станаа непотребни откако многу лекари заминаа на обуки во организација на државата, секако помогнаа во набавка на нова опрема и нови апарати во здравството, нови градежни зафати на постоечките руинирани или на нови болници во Македонија.

    Инвестицијата во обуките за нови вештини на лекарите е многу исплатлива и корисна за македонските граѓани кога имаат потреба од посложена здравствена помош, но и далеку поевтина од заштедите од испраќањето пациенти осигуреници на лечење во странство.

    Тие обуки од масовен карактер денес веќе не постојат, прекинаа со смена на власта во 2017 година, и ги нема веќе седма година по ред, а во медицината постојано има и ќе има нови методи на поставување дијагноза, лечење или интервенции, нови знаења, и потреба за одење напред, а со тоа и заштеди преку постојани обуки и тренинг во кои собираа знаење и искуство од најнапредните лекари во светот.

    Се сеќавам дека на мојот кабинет му бев дал инструкција, секогаш кога поради политички, економски средби или средби со дијаспората патувам во понапредна земја со понапредно здравство од нашето, задолжително во агендата да биде предвидена средба со менаџментот на најдобрата клиника или болница таму за да ги замолам да прифатат одреден број лица годишно на наши лекари и на наш здравствен персонал на дополнителна обука за конкретно определени вештини.

    Ниту една клиника на светот не ме одби а ги посетив најголемите од Лос Анџелес, Сан Франциско, Хјустон, Детроит, Вашингтон и други во Америка, преку Брисел, Лондон, Лувен, Парис, Хамбург, Минхен, и други во Европа, па до Пекинг, Хонг Конг, Њу Делхи и други во Азија, а преку Министерството за здравство и амбасадите организиравме обуки на македонски лекари за лечење на конкретни болести и во Рим, Австралија, Њујорк, Москва, Нирнберг, Виена, Истанбул и редица други врвни клинички центри, вклучувајќи ги и некои од Балканот како Љубљана, Загреб, Белград, Софија и др. кои за многу болести се многу понапред од нашите, а беа многу важни особено за луѓе кои не го владеат добро англискиот јазик или некој од другите светски јазици.

    Тоа овозможи да почнат да се прават голем број нови интервенции, операции, дијагностицирања итн. кои претходно не се правеа во Македонија и за кои се праќаа пациентите во странство најчесто на државен трошок, што патувањето секако беше и дополнително малтретирање на пациентите по претходно чекање и неизвесност разни комисии да им го одобрат тоа.

    Тоа и беше идејата на овој проект.

    Да обучиме медицински персонал и тоа не само еден лекар или два, туку многу повеќе и не само од Скопје, за безмалку секој здравствен предизвик за кој македонското здравство нема експертиза.

    Тоа беше големата идеја!

    На обуки одеа лекари и медицински персонал од сите градови во Македонија и освен првата група кога сѐ уште не го баравме од клиниките домаќини тоа, потоа сите се враќаа со писмена потврда, опис и гаранција од клиниката каде биле, за тоа која вештина ја научиле и до кој степен, односно за што се оспособиле да работат.

    Ако некој од СДСМ може аргументирано да одговори зошто ова се укина, би сакал да го чујам или прочитам, и би сакал исто така да чујам или прочитам која алтернатива ја вовеле, бидејќи овие луѓе со овие вештини спасуваат животи и заштедуваат големи пари за праќање на лечење во странство.

    Голема штета, на ниво на злосторство е направено со прекинот на оваа програма.

    Зошто власта е против тоа лекарите во Македонија да ги знаат најнапредните и најнови методи за лекување во светот?“, пишува Груевски.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img