„Работиме не само да се обезбедат 8 пратеници, туку ние работиме цело ВМРО-ДПМНЕ да гласа за уставните измени“, изјави Артан Груби од ДУИ синоќа во емисијата „Топ-тема“ на телевизија Телма.
„Не само што сум оптимист, туку сум убеден планот е амбициозен и има скетпици и разни математики, но знаете дека до сега се што сме кажале се реализирало“, рече тој.
Во врска со одрекувањата од страна на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицковски, Груби рече тој не е пратеник.
– Сите знаеме каква беше лојалноста во минатиот парламентарен состав – додаде Груби, алудирајќи на усвојувањето на Преспанскиот договор со помош на гласови на пратеници од ВМРО-ДПМНЕ.