Грција стана првата земја со мнозинство православни христијани што ги легализираше истополовите бракови, пишува Асошиејтед прес. Истополовите парови ќе можат да посвојуваат и деца.
Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис рече дека новиот закон „храбро ќе стави крај на сериозната нееднаквост“. Законот, сепак, жестоко ја подели земјата.
– Луѓето кои беа невидливи конечно ќе бидат видливи околу нас, а со нив многу деца конечно ќе го најдат своето вистинско место. Реформата го прави животот подобар за неколку наши сограѓани, без да им одземе ништо од животите на многумина – рече Мицотакис.